Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Македонски Брод-Прилеп
Две лица загинаа, а две се повредени во сообраќајна несреќа што се случила утринава околу 11 часот на патот Македонски Брод-Прилеп, во близина на село Ропотово.
Во несреќата учествувале автомобил „лада самара“ со битолски таблички управуван од М.Б. (46), „мерцедес“ со кумановски таблички управуван од М.М. (69) од село Ложани и камион „мерцедес“ со кумановски регистарски таблички управуван од Т.Д. од Куманово.
На самото место починале З.В. (66), сопатничка во „ладата“ и возачот на автомобилот „мерцедес“. Со повреди се здобиле возачот и сопатничка во „ладата“. И двајцата се пренесени во болница. Полицискиот увид е во тек, а сообраќајот е во прекин.