Поради снимање на филм, се пренасочува сообраќајот од патот Радовиш-Штип

Поради снимање на филм, се пренасочува сообраќајот од патот Радовиш-Штип

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани по претежно суви коловози, освен на повисоките осојничави места, информираат од АМСМ.

Од 07:00 часот, поради снимање на филм, сообраќајот на патниот правец Радовиш – Штип на 4 км се пренасочува десно кон Републичка сообраќајна полиција за влез во Штип.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.

 
Треба да знаете
Последни објави