Нова Македонија: Грчките спасувачи ги нашле вечерта во 22 часот, Александар бил жив

Нова Македонија: Грчките спасувачи ги нашле вечерта во 22 часот, Александар бил жив

Грчките специјални единици за справување со катастрофи ги пронашле Калина и Александар во саботата вечер, во 22 часот, на 10 февруари и се обиделе да го извлечат, односно да го спасат Александар. Ова го пишува во барањето за обдукција на телата на Калина и Александар од 11 февруари, испратено од полицијата во Воден до Судската медицина во Солун, кое ексклузивно го објави Нова Македонија.

Во полицискиот документ се наведува дека Калина и Александар се пронајдени од грчките спасувачи (СЕСК) во 22 часот, „при што е направен обид за нивно извлекување“. Според документот, специјалците прво се обиделе да го спасат Александар, кој „бил сѐ уште свесен“, употребувајќи ремен за да го извлечат. Во извештајот во кој се наведува изјавата на спасувачот, во текот на извлекувањето поради непозната причина ременот се откачил и Александар „паднал на стрмната падина на уште поголема длабочина“. Грчките спасувачи од Солун изјавиле за полицијата дека Калина „не покажувала знаци на живот, ниту на чувствителност“ и, според нивниот исказ наведен во документот, Калина „веројатно беше веќе почината“.

Калина и Александар се пронајдени мртви на 11 февруари во 10 часот по грчко време, а нивните тела се извлечени во 13 часот и се пренесени во болницата во Воден. Александар е пронајден на растојание од 40 метри од Калина, која била вкопана во снег, на длабочина од околу 1,5 метар.

 

 

Фото: Нова Македонија, местото каде биле најдени Калина и Александар

Треба да знаете
Последни објави