Директорот на „25 Мај“ поднесе оставка по злоставувањето на девојчето

Директорот на „25 Мај“ поднесе оставка по злоставувањето на девојчето

Директорот на Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми „25 Мај“, Стевчо Соколовски денеска поднесе оставка од морални причини откако во јавноста беше обеледенето дека било злоставувано девојче од оваа Установа, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Комисијата што ја формира Министерството за труд и социјална политика продолжува да го испитува случајот и веќе утврдила дека стручните служби и назначениот старател во неколку наврати ги алармирале надлежните институции за можна сексуална експлоатација на тринаесетгодишната штитеничка.

„Сега се истражуваат сите останати елементи за можно непостапување од страна на претходниот назначен старател на детето“, соопштуваат од Министерството.

Од Обвинителството се уште нема одговор дали има отворено постапка за овој случај. И Министерството за труд и социјала очекува и од МВР и од Обвинителството да преземат мерки со цел да се пронајдат и санкционираат лицата коишто ја злоупотребувале малолетната жртва.

 

Треба да знаете
Последни објави