Фрчкоски: Уставот нема да се менува, Горна и Северна Македонија најверојатни решенија (видео)

Фрчкоски: Уставот нема да се менува, Горна и Северна Македонија најверојатни решенија (видео)

Поранешниот министер за надворешни работи од СДСМ Љубомир Фрчкоски во интервју за Алсат М ги коментираше предлозите за решавање на прашањето за името оценувајќи ги како најсериозни имињата Горна Македонија и Северна Македонија, напишани одделно. Според него, Грција нема да инсистира и понатаму за уставни измени, бидејќи овој правен акт е променлив и никој не гарантира дека Уставот нема да се менува повторно по договорот.

– Мислам дека Горна и Северна се варијантите кои се најсериозно на маса. Но, во секој случај два збора, Горна и Македонија посебно, Северна и Македонија посебно, друга комбинација мислам дека не е предмет на сериозни преговори – рече Фрчкоски.

Според него, Грција нема да инсистира на промена на Уставот, затоа што меѓународен договор би имал обврзувачки карактер за земјата без промена на Уставот, а тој не може да се става на референдум и да се оценува од уставниот суд.

-Тој ќе биде ратификуван од парламентите на двете држави, Уставот нема да се менува, а договорот не може да биде предмет на оценување на уставноста пред Уставниот суд бидејќи е израз на волјата на страните кои го потпишуваат. Ваквиот договор би бил депониран во Обединетите нации, а гаранциите за неговото почитување се содржани во членот 118 од Уставот кој гласи ,,Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот поредок и не можат да се менуваат со закон“, вели Фрчкоски за Алсат.

Според него, кога ќе се промени името со меѓународен договор, новото име не може да им се наметне на државите кои веќе ја имаат признаено Македонија под уставно име, затоа што, како што вели, договорот е помеѓу две земји и не може да се обврзе трета.

 

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=u9vz5oKV2Yg

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави