Почнува Велигденскиот пост

Од денеска до 7 април, во текот на седум седмици, православните христијани ќе ги одбележуваат Велигденските пости, со воздржување од мрсна храна, лошо однесување и лоши помисли. Вчера на Прочка, тие побараа простување еден од друг.

Македонските владици преку веб страници на епархиите со коишто управуваат, порачуваат поради различната состојба, односно има и болни и работници што работат тешка физичка работа, верниците да побаваат од свештениците да им одредат поблаги мерки на постењето.

Верниците што постеле, ќе се причестат на Велигден.

Треба да знаете
Последни објави