Либански генерал се заканил: Ќе ги употребиме сите средства против Израел…па што сака нека биде

Либанската војска ќе ги употреби сите расположливи средства за да се спротивстави на потенцијална “израелска агресија”, па “што сака нека биде”, предупредил денес командантот на либанските вооружени сили, Џосеф Аун.

“Потврдувам дека категорично ги отфрламе повредите на либанскиот суверенитет од страна на израелскиот непријател, како и повредата на светото право на Либан да ги искористува сите свои економски ресурси”, навел генерал Аун, а неговата порака на Твитер ја објавила либанската војска. 

Аун нагласил дека либанската војска нема да заобиколи ниеден достапен начин да се спротивстави на израелската агресија, по било која цена.

Американските дипломати неодамна посредувале меѓу двете земји откако билатералните тензии пораснале поради пограничниот ѕид кој Израел го гради, и поради одлуката на Либан да ги истражува енергетските ресурси кај својот брег, во близина на спорните води.

Инаку, израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху пред два дена, на Минхенската безбедносна конференција, предупредил дека Израел ќе делува против Иран и неговите сојузници на Блискиот исток, на што тогаш реагирал либанскиот министер за одбрана Јакуб Шараф.

Тој, на истиот собир, рекол дека неговата земја е подготвена да се брани ако Израел ја нападне либанската територија.

“Израелскиот дром ми е над глава во минатите 15 години, но мојата земја воинствени намери против никој. Сепак, ќе се браниме. Ние сме за мир, но нема да трпиме никакви закани и нема да прифатиме никаква агресија”, рекол Шараф во неделата на конференцијата во Минхен.

Треба да знаете
Последни објави