Италијанскиот „Tuttosport“ ја пренесува веста дека Милан во текот на летниот трансфер период ќе се обиде да го доведе капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина и напаѓачот на Рома, Един Џеко, бидејќи овој клуб сака да има расен голгетер во своите редови.
Милан е заинтересиран и за доведување на Марко Ројс од Борусија Дортмунд, но тој трансфер е се уште само сон за „Росонерите“.
Покрај тоа, тие бараат засилување и во врвот на нападот, a прв кандидат е токму Един Џеко. На Милан му треба напаѓач кој во Серија А сигурно ќе постигнува од 15 до 20 голови по сезона, а решението го гледаат токму во дијамантот на Босна.
Моментално Един е сериозен кандидат, посебно ако се земе во фактот дека Патрик Кутроне, Никола Калиниќ и Андре Силва заедно имаат постигнато само девет погодоци.
Истиот извор пренесува дека Рома мора да продаде еден важен фудбалер, а Милан со продажба на Калиниќ за 25 милиони евра, кој е прв кандидат за заминување од клубот, би ги добил потребните средства за купување на Џеко и неговата плата од 4.5 милиони евра по сезона.
Џеко би можел да заработува и повеќе, бидејќи Бонучи има плата годишна плата од 8 милиони, додека Донарума заработува годишно 6 милиони евра.
Џеко минатиот месец се поврзуваше со трансфер во Челзи, но остана во Рим. Оваа сезона во 32 натпревари за „Волчицата“ тој постигна 14 погодоци.