Се зборува дека на нивната врска ѝ дојде крајот, но синоќа блеснаа на црвениот тепих на “BRIT Awards”

Според пишувањата на британските медиуми, пејачката Шерил Кол и нејзиниот десет години помлад партнер Лиам Пејн се разделуваат. Очигледно нивните патишта се разидуваат, а она за што сега ќе се “пролева крв” е старателството над синот и распределбата на неговите 54 милиони фунти.

Пораншениот член на групата “One Direction” наводно се консултирал со адвокати и во тек се преговорите за да го заштити својот имот. Парот живеел во вонбрачна заедница неполни две години, а во март 2017 година станаа родители на малото момче по име Беар. 

Како и да е, оваа љубов беше многу озборувано поради драстичната разлика во годините, сепак не го положи најважниот испит. Според блиски извори, парот воопшто не поминувал време заедно, младиот музичар постојано имал настапи, а прекрасната Шерил се грижела за детето.

“Не ме погодуваат гласините и прашањата дали ми е тешко. Ништо не ми е тешко”, кратко изјави Шерил на прашањата кои ѝ ги поставуваа новинарите.

Натписите за нивната разделба не ги потврдила ниту демантирала, а за другите коментари не била достапна, бидејќи требало да стигне на време да го бодри Лиам за време на неговиот настап на пробата за доделувањето на наградите BRIT.

За магазинот “The Sun”, неименуван извори вели дека младиот Лиам би сакал да останат заедно, но за секој случај се распрашувал за правните процедури.

“Долго време нивната врска беше на “стаклени нозе”, па Лиам презема мерки на претпазливост. Но, нема претварање”, вели изворот кој наведува дека сите се надеваат дека до конечна разделба нема да дојде.

Покрај сите гласини, парот синоќа се појави на црвениот тепих на доделувањето на британските музички награди “BRIT Awards” и буквално блескаа од среќа. Парот се држеше за раце и позираше пред фоторепортерите. Останува да дознаеме дали гласините се само гласини или на крајот ќе биде вистина.

Треба да знаете
Последни објави