
Денеска во Собранието на Република Македонија ќе биде основана и промовирана Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ-лицата, во која ќе членуваат пратеници од постоечкиот собраниски состав од различни политички партии.
Иницијатори на оваа идеја се пратениците: Маја Морачанин, Павле Богоевски, Бранко Маноиловски, Лилјана Поповска, Ирена Стефоска, Ивана Туфегџиќ, Јулиана Николова, Петар Атанасов, Никица Корубин, Соња Мираковска, Јагода Шахпаска, Александар Кирацовски и Славица Шуманска-Митева.
Како што информираат од Собранието, покрај пратениците, на средбата се поканети претставници на амбасадите и невладиниот сектор од оваа област. На конститутивната средба поздравни обраќања ќе имаат пратениците Маја Морачанин, членка на групата, и Павле Богоевски, член на групата, по што ќе биде презентирана Процената на знаењата, ставовите, потребите и практиките на пратениците во Собранието на Република Македонија во врска со човековите права на ЛГБТИ-луѓето и заштитата од дискриминација од страна на Драгана Дрндаревска.



