“Жена мачка” има 77 години и тврди дека никогаш нема направено пластични операции

Џослин Вајлденштајн е позната како “жена мачка”, а се прославила откако своето лице го упропастила со пластични операции. Исто така е позната по разводот со милјардерот Алек Вајлденштајн во 1999 година и екстравагантниот стил. Бизарно за неа е што имала направено телефонска сметка од 60.000 долари и сметка за храна и вино која чинела 547.000 долари.

После 20 години, Џослин дала интервју во кое тврди дека не се оперирала, туку дека отсекогаш наликувала на Брижит Бардо. Меѓутоа, фотографиите од нејзиното минато зборуваат друго. Иако на многумина им е тешко да поверуваат дека Џослин некогаш била убава, таа била омажена за милјардерот Алек Вајлдштајн и за време на бракот започнала да се навлекува на пластичните операции. 

Неколку пати, нејзиниот сопруг ја изневерувал, а таа го затекнала во кревет со 19 годишна манекенка, но после бурниот развод станала богата за 2,5 милјарда долари. Денес, Џослин има 77 години и верена е за Лојд Клајн (50), моден дизајнер со кој е во врска 15 години.

Нејзиното лице не престанува да предизвикува бурни реакции, па каде и да се појави привлекува големо внимание. Никој не верува дека ова е нејзиното природно лице.

“Секако, кога гледам фотографии од младоста, јасно е дека тогаш не сум била убава. Кога си млад, во себе носиш свежина која потоа се губи со годините. Но, тоа и понатаму се истите очи, истите високи образи и истиот нос”, вели Џослин за Дејли Меил.

“Тоа е лудо. Кога ќе влеземе во ресторан или некое француско место, обично ѝ извикуваат: “Здраво Брижит!”, и јас си помислувам: “Всушност ти навистина наликуваш на Брижит Бардо”, вели вереникот на Лојд.

“Не ја разбирам цела оваа тематика и приказната за “жена мачка”, бидејќи Џослин секогаш вака изгледала. Таа никогаш ништо не направила за да го промени лицето. Имам фотографии на кои има 16 години и изгледа исто како сега”, вели нејзиниот вереник.

Треба да знаете
Последни објави