Општина Бутел го исчисти Аквадуктот

Општина Бутел го исчисти Аквадуктот

Скопскиот аквадукт е археолошки локалитет кој се наоѓа кај Визбегово Датумот на неговата изградба до скоро не бил познат. Се сметало дека тој датира од времето на Римската империја или Византија. во времето на Јустинијан I, од 527 – 554 година, па поради тоа овој аквадукт се нарекува и Јустинијанов аквадукт. зачуван е во целата своја должина од 385,8 метри.

Долниот дел го сочинуваат 53 квадратни или правоаголни столба и две странични рампи, а горниот дел го сочинуваат 54 засводени отвори со ѕидни платна помеѓу нив, кои во горниот дел завршуваат со венци. Изграден е над малата долина на реката Серава, како дел од водоводот преку кој се пренесувала вода од Скопска Црна Гора до скопската тврдина. За него се вели дека го снабдувал со вода градот Јустинијана Прима.

Аквадуктот за последен пат бил обновен по Скопскиот земјотрес во 1963 година, кога биле поправени три свода и два столба кои паднале од јачината на земјтресот.

akvadukt11.png

Успешна реализација од минатонеделната спроведна акција за чистење на Аквадуктот. Благодарност до здружението на стопанственици на зоната Визбегово за нивната поддршка информираа од кабинетот на градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски

 

Треба да знаете
Последни објави