Жителите на Бутел годишните даночни пријави ќе може да ги поднесуваат во Општината

Жителите на Бутел годишните даночни пријави ќе може да ги поднесуваат во Општината

Управата за јавни приходи (УЈП) во периодот од 26 февруари до 16 март, ќе врши прием на годишните даночни пријави за 2017 година во просториите на Општина Бутел

Од општина Бутел информираат дека УЈП обезбедила просторија во Општината и свој кадар што ќе го врши приемот на обрасците од граѓаните и доставувач кој ќе ги презема примените пријави, со цел доближување на услугите до граѓаните.

Канцеларијата на УЈП во Општина Бутел ќе биде отворена во две смени од 08:00 до 16:00 часот.

Треба да знаете
Последни објави