ФОТО Повредена ќерката на Шенка Колозова во сообраќајка кај надвозникот во Ѓорче Петров

Пред околу еден час се случила сообраќајна несреќа кај надвозникот во скопската населба Ѓорче Петров, каде што се судриле два автомобили

Според нашите информации, во сообраќајката полесно повредена е ќерката на познатата актерка Шенка Колозова. Таа се наоѓа надвор од животна опасност. Патот накај Волково е блокиран.

Информациите на „Фокус“ ги потврди и директорот на Градската болница „8 септември“, Кристијан Костов, каде што се примени двете пациентки.

– Пациентката има фрактура на петна коска и ќе си оди дома со гипс, а другата сопатничка што била со неа има потрес на мозокот и ќе биде испратена на скопската Клиника за неврохирургија – истакна доктор Костов.

Се чека потврда од Министерството за внатрешни работи.

Треба да знаете
Последни објави