Експлодира бомба во возило на албанскиот конзулат во Солун

Возило на албанскиот конзулат во Солун изгоре во експлозија на бомба во 2.30 часот по полноќ.

Според албанската новинска агенција „Балканвеб“, возилото со дипломатски таблички, кое се наоѓало пред конзулатот на Албанија во Солун, изгорело од експлозијата што се случила од поставена бомба изработена рачно.

Истиот извор, кој се повикува на дипломатски и полициски извори во Грција, информира дека и покрај брзата интервенција на две противпожарни возила, возилото на конзулатот целосно изгорело.

 

Треба да знаете
Последни објави