Готово е: Барселона за 100 милиони евра на лето ќе го донесе Гризман!
Тоа што веќе од подамна се најавува по се изгледа дека веќе е завршено и само се чека на официјална промоција, а тоа е дека Ентоан Гризман од лето ќе биде нов фудбалер на Барселона.
Францускиот репрезентативец, кој е ѕвезда на Атлетико Мадрид треба да го засили страшниот каталонски великан и да заигра во нападот заедно со Луис Суарез, Лионел Меси, Фелипе Кутињо и младиот Осман Дембеле. Според каталонскиот весник „Спорт“, трансферот е веќе реализиран, па само се чека момент за да биде соопштен.
„Завршено е, иако е очигледно дека ниту една страна нема да го потврди тоа сега. Ние во ‘Спорт’ веќе сме информирани за приватниот разговор кој постои меѓу клубовите и Гризман е сто отсто фудбалер на Барса од лето“, обајвил новинарот Алберт Рог.
Гризман во Каталонија ќе дојде за трансфер вреден 100 милиони евра, откако тој летоска се реши да остане во Атлетико Мадрид за да не ги ослаби мадриѓаните поради забраната за трансфери во тој момент, а во замена управат решила да му ја намали откупната клаузула од 200 на 100 милиони евра.
За него беше заинтересиран и Манчестер јунајтед, но откако „црвените ѓаволи“ не успеаа да го донесат летоска, затоа што Гризман му ветил на Атлетико дека ќе остане, на „Олд Трафорд“ ги купија Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, па Жозе Мурињо практично се откажа од идејата да го донесе и Французинот во својот тим.