Бев пијан, не се сеќавам дека сум го силувал синот: Сослушан таткото монструм од Јагодина, одреден му е притвор

Бев пијан, не се сеќавам дека сум го силувал синот: Сослушан таткото монструм од Јагодина, одреден му е притвор

Драган П. (65) од Јагодина, кој е уапсен поради сомневање дека си го силувал синот, на сослушувањето се бранел со молчење, наведувајќи дека бил пијан и дека на ништо не се сеќaва. Судијaта го прифатил предлогот на обвинителството и му одредил притвор до 30 дена.

– Случајот го пријавиле од училиштето во кое детeто (14) одело. Наставницие приметиле дека чудно се однесува па го повикале на разговор со психолог и педагог каде им се доверил за траумите кои ги доживeал дома.

По пријавувањето во полиција детето е земено и сместено кај фамилијата на семејството. Низ солзи објаснил на инспекторите како неговиот татко по враќањето од училиште го фрлил на кревет, му ги соблекол панталоните и се иживувал над него.

По апсењето Драган ги негирал тврдењата на својот син за силувањето и заканувањето дека ќе го искасапи со секира ако на некого каже што се случило. 

Од друга страна, Б.П, сопруга на уапсениот Драган на прашање на новинарите категорично тврдела дека се е лага и дека поради тоа ќе ги тужи новинарите кои пишуваат за случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави