Најново истражување покажа дека браќата и сестрите можат да не направат многу пољубезни и почувствителни.
Вообичаено е односите меѓу браќата и сестрите во текот на растењето да се движат од потполно обожавање до омраза, меѓусебен натпревар во се, од делење на играчки до добивање на внимание.
Браќата и сестрите, всушност, навистина играат голема улога во нашите животи.
Научници од универзитети во Тел Авив и Торонто откриле дека луѓето кои растат со љубезни браќа и сестри, развиваат поголема емпатија од ние чии браќа и сестри не се љубезни.
И постарите и помладите браќа и сестри еднакво можат да влијаат на нашите особини.
Во семејствата во кои меѓу децата постоела поголема разлика во годините, постарите браќа и сестри, сепак, имале поголемо влијание, покажува истражувањето.
Научниците заклучуваат дека тоа е затоа што тие се подобри учители и модели на своите помали браќа и сестри.
ИЗВОР:https://kajgana.com/brakjata-i-sestrite-ne-pravat-podobri-lugje