Германија им дозволи на градовите да забрануваат возење на дизел автомобили

Германскиот суд денеска им дозволи на градовите да издаваат забрани за возење на старите дизел автомобили кои ја загадуваат околината, во постапка која државата ја нарече „победа за чист воздух“.

 

Одлуката која денеска ја донесе германскиот суд значи дека милиони возачи низ оваа земја ќе морат да ги заменат нивните автомобили со онакви кои помалку загадуваат или да се решат за алтернативни начини на превоз.

Административниот суд во Лајпциг одби две жалби од Штутгарт и Дизелдорф во кои овие градови бараа судот повторно да ја разгледа одлуката бидејќи сметаат дека е престрога за да се примени веднаш. Во овие градови има преку 15 милиони вакви возила кои се сметаат како исклучително лоши за околината бидејќи испуштаат големи количини штетни гасови.

„Оваа одлука е победа за чист воздух и покажува што е возможно кога јавното здравство се става како приоритет“, рече Никлас Шинерл, водач на кампањата за чист воздух во Greenpeace Germany.

Дизел автомобилите беа сметани како помалку штетна замена за бензинците, но во последните неколку години и тие паднаа во око на јавноста како големи загадувачи.

 

Треба да знаете
Последни објави