Неколку илјади граѓани протесираа пред Собрание: Чавков не е терорист, името не го даваме
Попладнево се одржа протест за одбрана на името Македонија, но и за ослободување на притворените за насилството во Собрание.
Неколкуте илјади демонстранти на снегот тргнаа од ЕУ Инфо Центарот и завршија пред Собранието. Пееја патриотски песни и скандираа „Македонија“, но и „Заев предавник“.
Демонстрантите бараат да се стави крај на разговорите за името, повлекување на Законот за употреба на јазиците, повлекување на Договорот со Бугарија, ослободување на притворените и осудените за насилствата во Собранието на 27 април. Барањата, како што велат, ќе бидат доставени до Претседателот, Собранието и Владата и до сите странски амбасади во Македонија.