Трамп повторно за пукањето во Флорида: Би влетал таму дури и без оружје

Американскиот претседател, кој жестоко го критикуваше одговорот на полицијата на неодамнешното пукање во училиште во Флорида, изјави дека тој би влетал во училиштето ако бил тогаш таму.

 

„Нема да знаете додека не се најдете во таква ситуација, но мислам и навистина верувам дека би влетал таму дури и да немав оружје со себе“, истакна Доналд Трамп, во обраќањето кон гувернерите на американските сојузни држави во Белата куќа.

Американскиот претседател изрази уверение дека поголемиот дел од присутните во таа просторија би постапиле како него.

Неговиот годишен зимски состанок со гувернерите во Вашингтон, претежно беше фокусиран на последиците од масакрот над 17 ученици и професори, кој на 15 февруари во училиште во Флорида го изведе поранешен ученик во тоа училиште.

Трамп повторно укажа на потребата за примена на нов закон околу контрола при вооружувањето и подобрувањето на безбедноста во училиштата.

Меѓутоа, Националната асоцијација за оружје, која се смета за највлијателна во цела Америка, строго е против било какви прописи кои би ја ограничиле продажбата на оружје во Америка.

За потсетување, Трамп, во разговор со учениците од училиштето во Флорида, кои го преживеале пукањето, изнесе предлог дека може би требало да се вооружат професорите, всушност само оние кои знаат да користат оружје, со цел да се намали бројот на вакви напади во американските училиште.

Таквиот предлог, меѓутоа, наиде на остри критики кај јавноста.

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави