Утре истекува рокот за поднесување на годишните пресметки за правните субјекти

Утре истекува рокот за поднесување на годишните пресметки за правните субјекти

Сите правни субјекти кои имаат обврска да достават годишна сметка и финансиски извештаи до Централниот регистар, имаат рок тоа да го направат до утре, додека за самостојните вршители на дејност рокот за поднесување на годишните сметки е до 15-ти март, во хартиена и електронска форма, потсети Централниот регистар.

За субјектите кои водат сметководство согласно Законот за трговски друштва рокот за поднесување на годишните сметки и финансиските извештаи во електронска форма е до 15.03.2018 година, а големите и средни трговци се должни да ја достават годишната сметка до Централниот регистар само во електронска форма.

Централниот регистар за време на приемот денес – 27.02.2018 и утре – 28.02.2018 година ќе работи од 07:00 до 21:00 часот, додека во РК Македонски Брод, РК Виница, РК Берово и РК Делчево работното време ќе биде од 08.00-16.00 часот. Во градовите каде што Централен регистар нема канцеларии, приемот на годишните пресметки ќе биде со следниот распоред:

– Во Кратово прием ќе се врши денес 27.02.2018 и утре 28.02.2018 година, во просториите на Општина Кратово од 08:00 – 16:00 часот.

– Во Крушево приемот ќе се врши во просториите на УНИ денес 27.02.2018 и утре 28.02.2018 година од 08:00 – 16:00 часот.

– Во Демир Хисар приемот ќе се врши во Општина Демир Хисар денес 27.02.2018 и утре 28.02.2018 година од 08:00 – 16:00 часот.

 

Треба да знаете
Последни објави