Заев на работен состанок на ЕУ со Западен Балкан во Софија

Заев на работен состанок на ЕУ со Западен Балкан во Софија

Премиерот Зоран Заев ќе учествува на работниот состанок на претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, како премиер на земја претседавач со ЕУ со шефовите на држави и влади од Западен Балкан, што на 1 март ќе се одржи во Софија, Република Бугарија. 

Тема на состанокот се можностите за забрзување на процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ и подобрување на меѓусебната поврзаност.

Како што соопшти владината прес-служба, покрај премиерот Заев, на состанокот најавено е дека ќе присуствуваат и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Светозар Марковиќ, како и претседателите на Србија, Александар Вучиќ, на Косово, Хашим Тачи и членот на претседателството на БиХ, Драган Човиќ.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави