Голем прозведувач на автомобили гради фабрика во Србија, Македонија не успеала да ја добие „битката“

Голем прозведувач на автомобили гради фабрика во Србија, Македонија не успеала да ја добие „битката“

Мате Римац, основачот на Римац Автомобили, вчера на Фејсбук профилот објави дека една голема германска автомобилска фирма ја избрала Србија како локација за својата фабрика на електрични погонски состави, пренесе пословни.хр.

„Вчера бев на собир на управата на една голема германска автомобилска фимра (има приходи скоро на ниво на хрватски БДП). Бараа локација за изградба на производствен погон за електрични погонски системи во Источна Европа.

15 држави се натпреварувале. Во финалето останаа Македонија и Србија. Хрватска не беше ни меѓу овие 15. На крај ја избраа Србија. Таму ќе се произведуваат илјадници погонски состави за електрични автомобили – за многу европски премиум автомобили.

Со тоа поради проактивноста на српската влада договориле уште еден голем проект, но не е на мени да објавам за што се работи. Жал ми е што не сум знаел порано за тоа за да реагирам Хрватска да се земе предвид.  Но можеби така е и подобро-веројатно би бил тотален waste of time бидејќи не би било прв пат тоа да го правам“, пишува Римац.

 

avtoind.png

 

Треба да знаете
Последни објави