Еве што прават секојдневно најуспешните луѓе во светот, а веруваме дека ќе започнете и вие…
Често поминуваме многу време читајќи и истражувајќи како најуспешните луѓе во светот го живеат својот живот – од нивните утрински навики, па се до нивниот ноќен режим. Но која е главната карактеристика која навистина ги одвојува како успешни поединци, а во суштина им е заедничка?
Нема да верувате, но хобито кое ги поврзува, поблиску ви е отколку што мислите. И токму тоа и го правите.
Ако мислите дека одговорот на поставеното прашање е „истражување и читање на онлајн статии“, мора да ве разочараме.
Најуспешните луѓе во светот читаат, но читаат многу. Според Inc.com сите, од Ворен Баефет до Марк Цукерберг и Бил Гејтс се повеќе од обични читатели – Бафет изјави дека 80 проценти од денот го троши на читање.
Освен што читањето ќе ви помогне подобро да памтите и да се опуштите, тоа на вашиот мозок ќе му даде можност да оствари малку ментален одмор, а притоа да не се исклучи целосно. Токму во текот на менталниот одмор се појавуваат најдобрите идеи и идеа моменти.
Нормално, многу е важно и што читате. Најуспешните луѓе во светот читаат белетристика, а најчесто едукативни книги и публикации, односно биографии на лица чиј живот испирира и мотивира за понатамошен напредок.
Која книга ја одбравте вие?