OПШТИНА БУТЕЛ ВО АКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА СНЕГОТ ОД УЛИЦИТЕ

OПШТИНА БУТЕЛ ВО АКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА СНЕГОТ ОД УЛИЦИТЕ

По врнежите на снег кои го зафатија нашиот регион, екипите на комуналната служба на општина Бутел веднаш излегоа на терен и интервенираа на улиците и на споредните улици од локален карактер.

На терен, екипите од комуналната служба интервененираа со 2 камиони, 1 соларка и 1 липкер. Во текот на изминативе денови поминати се сите прометни улици што се под надлежност на општина Бутел и фрлени се 50 тони индустриска сол.

Интервенирано е од последна 57-ца до с.Љубанци и Љуботен, од Љуботенски пат со с. Љуботен ( автобускапостојка). Во населба Радишани интервенирано е од 1 влез ул.Скоевска до 2 влез на улиците: Амди Демир, Џоре Џоревски, АФЖ и на 3 влез на илица Боро Кралевски. Во селото Радишани интервенирано е на улица бр. 18.

Во Бутел1 на улиците: Марко Крале,Призренска, Хошимин, Натанаил Кучевишки, Краишка, Бутелска и Петар Манџуков. Во Бутел 2 на улиците Александар Турунџиев, Иван Манолев и улица Рокомија.

Општина Бутел апелира до сите жители, да ги почитуваат законски обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапните делови на станбените објекти.

 

 

 

 

solarka 3.jpg

 

 

 

 

solarka 1.jpg

Треба да знаете
Последни објави