Најмногу снег утринава има во Маврово. Според информациите на УХРМ, формирана е снежна покривка од речиси еден метар, односно 96 сантиметри. Во Лазарополе е формирана снежна покривка од 80 сантиметри, во Крушево – 65, Пожаране – 60, 10 сантиметри во Крива Паланка, 12 Штип и Скопје, 13 Тополчани, 18 Охрид, 20 Берово и Претор, 30 Дебар, 35 Тетово и 36 во Ѓуриште.
Најстудено утринава е во Ѓуриште, каде што се измерени -11 степени, -8 во Маврово, -7 во Скопје, Берово, Лазарополе, Крушево и во Тетово.
Изутринава преовладува променливо облачно време, во западните делови на планините има слаби и повремени врнежи од снег. Дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Во текот на денот ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаби и локални врнежи претежно од снег. Особено студено ќе биде во утринските часови. Во западните и крајните северни делови ќе повремен слаб локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, на повисоките места и на планините засилен северен ветер.
Највисоката температура преку денот ќе достигне од -3 до 3 степени.