Уште една хумана акција пред граѓаните на Македонија. На младиот Дарко Арсов итно му е потребна трансплатација на црн дроб како би се решила неговата лоша здравствена состојба. Апелот за помош го читате во продолжение :
37 годишниот Дарко инаку е добитник на Златен медал на Летните олимписки игри на Специјалната олимпијада, одржани во Полска во 2010 година, во категорија : атлетика – дисциплина 50 метри, а покрај учеството во Варшава, Арсов ги бранеше боите на Македонија и во соседна Грција. Во 2011-та година, од Атина се врати со Златен медал од Специјалната олимпијада, и тоа во својата дивизија – 25 метри пливање.
Поради болеста, тој е спречен да продолжи да се занимава со спортот и музиката, кои беа дел од неговото секојдневие и неуморната желба за победа. Затоа, секој заинтересиран кој сака да помогне, може да го контактира објавениот телефонски број и да се вклучи во процесот… целта е уште еднаш една и заедничка : да се спаси еден скапоцен живот!