На почетокот на годината халфот Метју Фламини премина во Гетафе што е петти тим во неговата кариера – по Марсеј, Арсенал, Милан и Кристал Палас.
Повпечатливо е тоа што тој се смета за еден од најбогатите играчи во светот, но продолжува да се натпреварува.
Наскоро Фламини ќе наполни 34 години, а неговите претприемачки размислување се манифестираа во 2008-та година. Тогаш, заедно со бизнис партнерот Паскал Граната ја основаат компанијата „GF Biochemicals“.
Фудбалерот ја држи во тајна својата компанија се до 2015-та година, и оттогаш инвестира милиони во испитувања и тестирања.
Пред 3 години, „GF Biochemicals“ започна со масовно производство на левулинска киселина, што може да биде замена за нафта.
И така, Фламини веќе е во Гетафе, на пат кон спасување на светот и неговата трансформација во поеколошки и позелени места за живеење.
Неговата компанија денес се проценува на околу 28 милијарди долари, според „KPMG“.
А тоа е доволно да се купат голем дел од најголемите тимови во светот, на чело со Манчестер Јунајтед, Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен и други.