
Иако веќе помина подолго време откако завршија преседателските избори во САД на кои што Трамп ја победи Хилари Клинтон, нивните препукувања во јавноста и ден денес не престануваат.
Поранешната американска државна секретарка и поранешен кандидат за претседател на државата, Хилари Клинтон, го нападна американскиот претседател Доналд Трамп и го повика да ја заштити државата од „Русите кои што и натаму доаѓаат“.
„Говорам како поранешна државна секретарка и како Американка – Русите и натаму доаѓаат. Нашите разузнавачки агенции го поттикнуваат Доналд Трамп да делува. Дали тој ќе продолжи да ги игнорира и ќе се предаде, или ќе ја заштити нашата држава?“, напиша Хилари Клинон на Твитер.
Пред неколку седмици, американскиот претседател Доналд Трамп на својот профил на Твитер, по повод тврдењата на демократите дека и натаму е во блиска врска со руските власти, напиша дека Русите единствено биле блиски со Демократската партија и нивната кандидатка Хилари Клинтон.

Американскиот претседател уште еднаш порача дека Русите немале никакво влијание и не влијаеле на исходот на резултатите на последните претседателски избори на кои што тој ја победи Хилари Клинтон.
Како што е познато, веднаш после победата на Трамп, американските медиуми и разузнавачки служби ја бомбардираа тамошната јавност со информации за руската вмешаност во изборите и во Русите го гледаа главниот виновник за победата на Доналд Трамп на изборите.
Наводно покрај вложените финансиски средства во кампањата на Трамп, Русите се служеле со пропагандни материјали во корист на кандидатот на Републиканците кои што ги пласирале на социјалните мрежи.



