Интервју со Александар Наумоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров

Интервју на 24 Инфо со Александар Наумовски, градоначалник на општина Ѓорче Петров: работиме напорно на сите полиња, реализиравме низа активности, особено во инфраструктурниот дел, но не ги занемаривме социјалата, спортот, комуналните дејности

 Кои се досегашните реализирани проекти, предвидени во Вашата програма, и кои од нив се приоритети во 2018 година.

Во изминатите 100 дена реализиравме низа активности, особено во инфраструктурниот дел, но не

ги занемаривме социјалата, спортот, комуналните дејности… Општината ја наследивме во лоша

финансиска состојба, без конкретен проект и доста наталожени проблеми. Но, со посветена работа

и одговорно управување, за краток временски период успеавме да ги зајакнеме капацитетите и да

се   насочиме   кон реализација на   активности   во повеќе   сфери.   Создадовме домаќински буџет,

намалувајќи ги непродуктивните трошоци, на сметка на капиталните инвестиции и социјалните

трансфери. Тампониравме улици во должина од 3.200 метри, особено во Волково-место кое со

години е критична точка по ова прашање, продолживме со изведување на завршни работи на

новата   општинска зграда-процес   кој   беше   во   застој за   време   на   претходната   локална   власт,

завршени се сообраќајници на улиците “Гостиварска” и “Анастас Коцарев”, го реконструиравме и

проширивме патот кај градските гробишта “Ѓорче Петров” со кружно движење, тампониравме

помошен   паркинг   кај   пазарчето,   изработивме   дел   од   атмосферска   канализација   на   улиците

“Пробиштипска” и “Јосиф   Ковачев”, а   за   оваа   намена   пробивме   и   траса   на   ул. “Алекса

Демниевски”.   Воедно, завршивме и фекална канализација на улиците 73, 74 и 75 во Волково и

краци   на   ул.100,   поставивме   линија   улично   осветлување   во   с.   Никиштане,   но   секојдневно

преземаме   мерки   за   осветлувањето   и   на   многу   други   точки.   Воведовме   социјални   патролни

служби, а помагаме со парични средства индивидуални спортисти, семејства со новороденче и

лица со социјален ризик. До крајот на минатата година, ниту едно барање по овие основи не беше

одбиено, и нема селективност при доделувањето помош. Меѓу останатото, реконструиравме и дел

од спортската училишна сала во “Димитар Поп Георгиев Беровски”, проблем за кој со години се

немало   слух   во   минатото,   адаптиравме   просторија   за   ново   матично,   отворивме   истурена

канцеларија   во   Волково   која   функционира   како “мини-општина”, а   стартуваше   со   работа   и

земјоделската   канцеларија   во   Ново   Село.   Гасификација   на   Ѓорче   Петров,   нова   градинка   и

амбуланта, модернизација на јавното осветлување, како и урбанизација на руралните подрачја,

остануваат   во   нашиот   фокус,   но   ниту   еден   друг   сегмент   на   сметка   на   овие,   нема   да   биде

запоставен. Ќе работиме напоредно на сите полиња.

 

DSC_3071 (1).JPG

 

 

 

Со   која   стратегија   ќе   ги   подобрите   условите   во   градинките   и   училиштата   и   дали планирате во 2018 година отварање на нови градинки, имајќи го во предвид недостатокот на градинки во месностите Дексион и Волково?

-Жално е што не начекавме ниту еден проект во овој дел, што значи дека за овој горлив проблем

долги години   не   се   размислувало воопшто. Но,   веќе е   во прва фаза   на   проектирање новата

градинка во Волково, а во меѓувреме бараме начини за адаптација на некои проекти за ублажување

на овој проблем. Тоа ќе ни биде приоритет. Во училиштата, почнаа   со работа   15   образовни

асистенти кои ги придружуваат учениците со посебни потреби, а планираме за скоро време да

преземеме низа активности, како наградување на учениците што постигнуваат успеси во форма на

стипендија (ова е во план и за спортисти), но ги испитуваме и можностите за целодневна настава

во   сите   училишта   во   општината.   Исто   така,   работиме   и   на   воведување   бесплатна   ужина,

задолжителен избор на квалитетен набавувач на здрава храна во училишните кујни и обновување

на училниците со нови помагала.

Со кој проект планирате да ги вклучите   младите   во општина   Ѓорче Петров, и дали

предвидувате спортски клубови за развој на млади?

-Деновиве ќе објавиме конкурс за идејно решение за проектот “враќање на корзото”. Toa, значи

мала чаршија со кафетерии и занаетчиски дуќани. Проектот предвидува и изградба на пешачка

зона во паркот, реконструкција на постојните зелени површини, но и враќање на старото корзо од

новиот трговски центар до поранешната кафана “Чешма”. Сакаме како општина за скоро време да

дејствуваме и за отворање на младински инфоцентар и да поддржиме проекти за самовработување

со поддршка на бизнис плановите на млади претприемачи. Во меѓувреме, го отворивме Домот на

културата во Ѓорче Петров   за секаков вид   настани. Таму веќе   одржавме еден концерт на 14

ноември-Денот на ослободување на Ѓорче, како и хуманитарна забава, каде младите имаа можност

да помогнат за наша сограѓанка која е во социјален ризик, но и да се дружат и забавуваат.

Кога планирате населбата Дексион да добие нова амбуланта?

Овој   проект   е   предвиден   да   се   одвива   во   соработка   со   Владата   на   Република   Македонија.

Постојаната   амбуланта   е   во   катастрофална   состојба,   и   затоа,   како   општина,   сакаме   на

медицинските   лица,   исто   како и   на   припадниците на   полицијата со   изградба   и   пуштање   во

употреба на новата полициска станица, да им овозможиме пристојни услови за работа, а граѓаните

да добијат соодветна медицинска установа. Крајниот рок на новата амбуланта во Дексион е во 2021

година, но јас се надевам дека ќе направиме напори овој проект да го завршиме порано.

Граѓаните   често   го   нотираат   проблемот   со   кучиња   скитници.   Кое   е   Вашето   можно решение?

Тоа е надлежност на Град Скопје. Но, ги поддржуваме сите активности кои се предвидени за овој

проблем, кои се веќе во тек во Градот. Ги поддржуваме и иницијативите, особено на невладиниот

секор за реновирање и евентуално проширување на капацитетите на стационарот “Вардариште”, да

се чепираат кучињата и да се направи база на регистрирани сопственици на кучиња.

Вашата градоначалничка функција бара многу време и откажување од приватниот живот.Колку   Ви   преостанува   слободно   време   за   семејството   и   како   најчесто   го   поминувате слободното време?

Како и секоја јавна функција, исто и градоначалничката бара многу откажувања од приватниот

живот, бидеќи речиси цел ден го поминувам во својот кабинет, но и на активности надвор од

општината.   Но,   благодарение   на   тоа   што   моето   семејство   има   големо   разбирање   за   мојата

позиција,   успевам   успешно   да   балансирам   меѓу работата   и   семејството.   Речиси   и   да   не   ми

преостанува слободно време, но она кое го имам на располагање, го минувам најчесто во домашни

услови или, пак, на прошетка во природа со семејството.

Треба да знаете
Последни објави