Поради студеното време Министерството за здравство препорача да се ослободат од работа бремените жени и лицата над 60 години

Како што веќе метеоролозите најавија, студен бран од портокалова фаза денеска ќе ја зафати целата држава. Утринските температури ќе се движат од -17 до -9 степени, а дневните од -4 до 2 степена, поради што  Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство препорача да се ослободат од работа бремените жени и лицата над 60 години.

 

За оние работници кои работат на отворено се препорачува реогранзиација на работното време од 10 до 16 часот, со повремени паузи по половина час во топли простории на секои два часа.

Комисијата апелира да се избегнува физичка активност на отворено, а при движење да се внимава на лизгави површини и да се носи топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз, како и почесто да се консумираат топли напитоци.

Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија. Во случај на настинка и потешкотии на дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар. 

Треба да знаете
Последни објави