„Тврдокорни“ ќе го блокираат скопскиот аеродром

„Тврдокорни“ ќе го блокираат скопскиот аеродром

Граѓанското здружение „Тврдокорни“ на социјалните мрежи најави дека ќе организира блокирање на „Меѓународниот аеродром Скопје“, поради отстранување на споменикот на Александар Македонски кој беше поставен во 2011 година откако ТАВ стана концесионер на аеродромот.

tvrdokoreni.png

По одлуката на актуелната Влада на РМ за преименување на скопскиот аеродром, од влезот на аеродромот беше тргнат и натписот „Александар Велики“ кој беше поставен во 2006 година со одлука на претходната Влада која за прв пат го премиенува аеродромот од „Петровец“ во „Александар Велики“.

Две години и автопатот Е-75 беше преименуван во „Александар Македонски“.

 

Треба да знаете
Последни објави