Џеј Зи е најбогатиот хип-хоп артист во светот, вреди скоро милијарда

Со подемот на хип-хопот во светски рамки, очекувано е и да се зголемат заработките на раперите да се зголемат. Forbes објави листа на најбогатите луѓе во хип-хоп индустријата, која не е многу различна од онаа за 2017 година, но со мала измена на врвот на листата.

 

Џеј Зи е најбогатиот човек во хип-хопот, надминувајќи го Паф Деди, кој беше на врвот на оваа листа лани.

Според Forbes, Џеј Зи вреди скоро милијарда американски долари. Поточно, 900 милиони долари, што е доволно за да го претекне Паф Деди и да се најде неприкосновен на првото место на листата на најбогати луѓе во индустријата.

Сепак, Паф не е многу далеку од него, со вредност од околу 825 милиони долари. Исто како и минатата година, на третото место се најде Др. Дре, чија вредност се проценува на околу 770 милиони долари.

Импресивен е спектакуларниот пад на Еминем, кој пред две години вредеше скоро 300 милиони долари, а сега се најде на четвртото место со вредност од „само“ 100 милиони. Подеднаква вредност има и Дрејк, кој забрзано се качува нагоре по листата, откако лани вредеше нешто помалку од 90 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави