Груби не верува дека Асани би кренал рака на полицајка
Не верувам дека Беќир Асани кренал рака, особено не на полицајка, изјави Артан Груби, пратеник и сопартиец на Асани.
Тој во емисијата „Топ тема“ рече дека партијата нема да застане во одбрана на Асани, но и оти нема дабара одговорност од сопартиецот. Според Груби, одговорност, доколку ја има, треба да бара обвинителството. Груби рече да не се банализира случајот со Асани.
Полицајката која вчера беше нападната од Асани, денеска на средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски тврд дека функционерот на ДУИ само вербално ја нападнал а повредите ги добила случајно удирејаќи се во пајак возилотот.
Полициската службеничка Јасмина Јаначковска настанот лично му го објаснила на Спасовски.