Навивачите на Мундијалот во Русија ќе можат да внесуваат дрога на стадионите

Организаторите на Светското првенство во Русија, како што стојат работите, ќе им дозволат на навивачите да консумираат и најтешки дроги, под услов за користење на наркотици да поседуваат адекватна медицинска документација.

 

На навивачите ќе им биде дозволено да влезат во земјата со наркотици како марихуана, кокаин и хероин, а наводно ќе добијат и зелено светло за користење на тие супстанци и на стадионите.

Имено, Евроазиската економска унија, која покрај Русија ја сочинуваат и Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан, им дозволува на патниците да внесуваат забранети супстанци во земјата, ако за нив имаат медицинска документација.

Навивачите, дрогата ќе можат да ја пријават на царина при пристигнување, а единственото правило кое мораат да го почитуваат е медицинската документација да биде на руски јазик.

Дрогите во некои држави имаат функција на аналгетик (хероин), анестетик (кокаин), па очигледно е дека ќе бидат дозволени во тие цели.

Полицијата ќе има обврска да проверува дали документацијата е исправна.

Треба да знаете
Последни објави