Одложено рочиштето за жалбата на Грујевски и Бошковски во Атина

Врховниот суд во Атина го одложи рочиштето за поранешниот началник на УБК, Горан Грујевски, и неговиот колега Никола Бошковски, поради отсуство на еден од адвокатите. Рочиштето беше закажано по жалба на одлуката за екстрадиција на Судот во Солун, и е одложено за 9-ти март.

И претходното рочиште на 16-ти февруари беше одложено, по барање на адвокатите, кои наведоа дека имале краток период за разгледување на предметот, а истовремено бараа од судот да овозможи преведувач од грчки на македонски јазик.

Против Грујевски и Бошковски во Грција се водат три правни процеси. Едниот е за екстрадицијата по издадената меѓународна потерница од македонска страна, другиот за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром и третиот за барањето азил. Во меѓувреме, Грујевски и Бошковски остануваат во атинскиот затвор „Коридалос“.

Треба да знаете
Последни објави