Протест пред обвинителството во Скопје за случајот со смртта на четиригодишниот Алмир

Протест пред обвинителството во Скопје за случајот со смртта на четиригодишниот Алмир

Група граѓани протестираа пред Основното јавно обвинителство во Скопје во знак на незадоволство поради преквалификација на кривичното дело „убиство“ во кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот со смртни последици“, за случајот со смртта на четиригодишниот Алмир од Куманово.

Учесниците на протестот истурија земја пред влезот на обвинителството.

Луѓето присутни на протестот освен поради преквалификацијата на делото, револтирани се и поради тоа што возилото со кое бил прегазен Алмир, наместо да биде конфискувано, како што истакнаа, е вратено на семејството и побараа од случајот да биде изземен јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово, Сузана Кусигерска.

Четиригодишниот Алмир од Куманово го загуби животот како последица на удар со возило кое го управувал Бобан Илиќ, кој претходно имал караница со родителите на починатото дете.

 

Треба да знаете
Последни објави