Раст на бројот на свињи во ЕУ

Вкупниот број на свињи во Европската унија минатата година порасна за два отсто на годишно ниво, на 149,5 милиони, додека нивниот број во Данска двојно го надмина бројот на жители.

Данска е единствената земја во Европската Унија каде бројот на свињи е поголем од бројот на луѓе, со оглед на фактот што на секои 100 жители доаѓаат 215 свињи, покажуваат податоците на европската служба за статистика Евростат.

Околу 40 проценти од вкупниот број на свињи во Европската Унија се наоѓаат во Шпанија и Германија, а значаен е бројот и во Франција, Данска, Холандија и Полска.

Во Холандија просекот е 70 свињи на 100 луѓе, во Шпанија 65 на 100, а во Белгија 54 свињи на 100 луѓе.

Свињите се и најголема сточарска категорија во Европа, а по нив следат говедата со популација од 89 милиони грла.

Треба да знаете
Последни објави