Што да правите кога соседот ќе ви направи штета и одбива да ја санира?

Законот за домување исто така предвидува: “Секој станар треба да се однесува кон сопственоста како добар домаќин, не само кон својот стан, туку и кон оној кој го дели со соседите”, како и делот: “При стопанисување со сопственоста, мора да се внимава и на туѓата сопственост”.

 

Во случај на недозволено вознемирување на станарите, тие може да се обратат до управителот или претседателот на Заедница на сопственици, а во случај на недозволено, а значително нарушување на мирот во станбената зграда, сопствениците имаат право да се обратат и до надлежната полициска станица со пријава за нарушување на јавниот ред и мир – е предвидено со Законот.

Законот дозволува да се вршат преправки во станот, но тоа да бидат само козметички интервенции кои нема да ја нарушат статиката на станот над, под или до вас, а не да прават што сакаат во нивниот сопствен стан иако околните ѕидови, како и таванот и подот ги делат со нивните соседи.

Една скопјанка се пожали дека ваков проблем и се случил пред извесно време кога нејзиниот сосед  го реновирал станот при што и направил штета.

 – Во зградата сите станови имаат сопственици, но во нив повеќето не живеат постојано и лесно им е да викнат мајстори и тие да тормозат по цели денови додека не заврши реновирањето. Се обративме до полицијата да не заштити, но оттаму само ни рекоа дека согласно со Законот за домување, нашиот комшија има право да си работи во својот стан до 15 часот и толку – вели скопјанката Анита чиј стан се наоѓа во Кисела Вода.

Согласно Законот за домување, ако при користењето на својот дел од зградата сопственикот причинил штета на други делови од зградата што се во сопственост на други лица, тој е должен да ја надомести таа штета, односно да ги отстрани другите пречки кои се создаваат. 

Но, што е со случаите кога тој што ја направил штетата на соседните станови одбива да ја санира. Анита од Кисела Вода вели дека нејзиниот напукнат таван нема кој да го поправи бидејќи во горниот стан повремено престојуваат лица кои се изјаснуваат дека се кираџии и не сакаат да ја санираат штетата , а сопственикот никаде го нема.

Според законските одредби, судот одлучува во вонпарничка постапка дали да се извршат поправки, како и за размерот во кој сопствениците ќе ги надмират трошоците

Законот за домување стапи во сила во 2009 година и во изминативе години претрпе одредени измени и дополнувања. Од посочениот пример, се гледа дека Законот има и други недоречености кои мораат да се опфатат во законски рамки за да можат да ги заштитат сите станари при вакви интервенции на нивните соседи. Бидејќи невозможно е некој со месеци со бучава која ги надминува сите граници на издржливост, да ве толерира и притоа да нема закон кој тоа ќе го санкционира и регулира.

Треба да знаете
Последни објави