Фудбалерите на Манчестер Сити успешно го продолжуваат патот кон титулата во англиската Премиер лига.
Екипата на Пеп Гвардиола синоќа во рамките на 28-то коло од англиската Премиер лига за 33 минути го решија победникот на натпреварот кој што се играше на „Емирати“ во Лондон.
Одличната акција на Лерој Сане во гол ја претвори Бернардо Силва во 15-та минута од натпреварот, Давид Силва во 28-ма минута зголеми на 2:0, а пет минути подоцна Лерој Сане погоди за убедливи 3:0.
Арсенал имаше неколку шанси до крајот на мечот, а најголемата шанса ја пропушти Обамејанг во 53-та минута кога промаши од белата точка. До крајот остана 3:0 и со најновата победа синоќа, Манчестер Сити се зацврсти на првото место на табелата со 16 бода повеќе од Манчестер Јунајтед.