Четиригодишно дете паднало од 3 спрат – за среќа останало живо
Четиригодишно дете паднало вчера попладне од трети спрат од зграда во Белград.
Потпаролката на Итната помош за српскиот Блиц вели дека детето во свесна состојба било пренесено во болница, со тешки и видливи повреди.
Ударот го ублажило тоа што паднало детето прво во дрво, па потоа на земјата, така и останало живо.
Не се знае што точно се случило и како детето паднало, а соседите кои го виделе веднаш повикале помош.
По часови за трагедијата сведочело и ќебето закачено на дрвото на кое паднало детето.