Роберт Бушел ја изгубил битката со животот по сериозната интервенција за губење на тежината, а тоа што го кажал пред смртта, долго ќе се памети.
Имено, овој дебел човек во ноември минатата година имал повеќе од 381 килограм. Преживеал тежок срцев удар, а само ден пред да умре и признал на својата свршеничка Кетрин Лемански што чувствува.
“Мислам дека нема да ја преживеам ноќта. Те сакам и засекогаш ќе те сакам”, открила Кетрин.
Инаку, Роберт учествувал во реално шоу кое се емитувало на “TLC”. Пред пет месеци тргнал на програма за губење на тежината, и изгубил 152 килограми.
За да биде под константен надзор од хирург, бил принуден со својата свршеничка да се пресели во Хјустон.
Само неколку месеци по престојот во Хјустон и намалувањето на килограмите, Роберт повторно проодел. Уследила операција по која станал зависен од таблети против болки.
Иако му било кажано да не ги зема лековите, Роберт признал дека е во депресија и им рекол на своите блиски дека повеќе не може да ја поднесе болката.
“Беше неподнослив по операцијата., бидејќи не можеше да ги зема лековите. Го изгубив најдобриот пријател и лицето со кое требаше да го минам остатокот од животот”, рекла Кетрин.