Јанева: Истрагата за одлеаните пари се проширува во Чешка, Грција, Британија и Холандија
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на денешниот настан за соработка за водење финансиски истраги со Холандската амбасада рече дека истражуваат криминал во повеќе европски земји.
„Се надевам дека ќе откриеме каде се одлеани парите и дали се во Македонија“, рече Јанева и посочи дека истражуваат финансиски криминал во Чешка, Грција, Велика Британија и Холандија
Во изјава за медиумите, Јанева рече дека СЈО подолго време презема активности за проектот „Скопје 2014“.
„Не би сакала да прејудицирам, но се надевам дека наскоро ќе излеземе со јавнообвинителска одлука“, рече таа.
Исто така, Јанева додаде дека водат сметка да не застарат предметите кои ги водат. За дел од истрагите кои ги објавије лани, рече дека се во завршна фаза.
„Се надеваме дека Владата на РМ побргу ќе го реши статусот на СЈО“, рече Јанева.