Најавени неотповикливи оставки на цела Антикорупциска комисија
Покрај Горан Миленков, првиот член на Антикорупциската комисија кој си даде оставка денеска, неотповикливи оставки најавени се и од претседателот на комисијата Игор Тантуровски и другите членови и тие утре треба да бидат доставени до Собранието, велат извори од парламентот за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Претседателот на комисијата Игор Тантуровски, попладнево не беше достапен на мобилниот телефон, а исто и лицето задолжено за односи со јавност во Антикорупциска не одговараше на повиците на порталот.