Ограбена бензинска во Маџари

Ограбена бензинска во Маџари

Двајца непознати сторители доцна синоќа ограбиле бензинска пумпа во скопската населба Маџари, одземајќи околу 10.000 денари.

Како што соопшти полицијата, разбојништвото се случило во 1,20 часот откако, најпрво, сторителите им се заканиле на вработените со пиштол по што ги земале парите и избегале во непознат правец.

Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот

Треба да знаете
Последни објави