Работниците во Еурокомпозит од утре на протести пред владата
Вработените во Еурокомпозит од утре ќе кампуваат пред Влада. Тие и денеска го блокираа патот Прилеп Градско. Бараат итна средба со премиерот Заев бидејќи како што велат на вицепремиерот Анѓушев не му веруваат. Засега не добиле конкретна понуда од Владата поради што барањата ќе ги кажат во Скопје.
Вицепремирот Анѓушев денеска само изјави дека во следните 5 до 6 месеци Владата квалитетно ќе го реши проблемот со прилепскиот загубар. Вработените ќе ги земаат платите во месеците во кои ќе работат.
Државниот Еурокомпозит има околу 260 вработени кои немаат земено 16 плати. Приоднесите пак не им се платени од јуни 2012. ЁФабриката моментално не работи и има долгови од околу 5 милиони евра.