Драма во Скопје: Се скарале на Клиника па му дошле и го искршиле
Во 22 часот, 56-годишниот У.Б. од село Делогожда, струшко пријавил дека истиот ден околу 17 часот во Скопје на булевар „Крсте Мисирков“ додека бил застанат со неговото патничко моторно возило „Пасат“ во кое што биле тројца негови роднини, им се приближиле неколку лица, при што физички го нападнале поради што се здобил со скршеница на левата рака и носот.
Според пријавата, напаѓачите го нападнале и неговиот брат и син, по што истите се дале во бегство. Оштетените се упатиле во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде им е укажана лекарска помош.
Причина за настанот, според пријавата, е претходна расправија.
Имено, околу 14 часот во Комплексот клиники “Мајка Тереза” Скопје, У.Б. имал сообраќајна незгода со братот на еден од напаѓачите. Се работи на целосно расчистување на случајот.