Во текот на вчерашниот ден две жени во полиција пријавиле напад од куче скитник на скопската улица „Партение Зографски“. Двата напади се случиле на четврти март годинава и двата околу 13 часот.
Првиот напад го пријавила скопјанката Т.Н.(30), која рекла дека на улицата била нападната и касната од куче, при што се здобила со повреда на десната нога. Во вториот напад на куче на истата улица и речиси во исто време триесетгодишната О.В.(30) била нападната и касната при што се здобила со повреда на левата нога.