СДСМ: Зголемен е повратот на ДДВ, повеќе пари за стопанството

Одговорното управување со финансиите од страна на Владата предводена од СДСМ обезбедува повеќе пари за граѓаните и стопанството и го поттикнува економскиот раст.

 

Повратот на Данокот за додадена вредност за првите два месеци од 2018 година е за 56 отсто повисок споредено со истиот период од минатата година.

Тоа значи дека во стопанството се вратени 1,4 милијарди денари повеќе во однос на првите два месеци од минатата година, соопшти СДСМ. Според партијата, со тоа продолжува позитивниот тренд на поврат на ДДВ кој започна во 2017 година.

„Освен што е зголемен, повратот на ДДВ се врши навремено и неселективно, односно веќе нема повластени или дискриминирани стопански субјекти, како што тоа беше случај досега. Ова е уште една потврда на заложбата на Владата предводена од СДСМ преку успешните економски политики да обезбеди повеќе пари назад кај граѓаните и претпријатијата. Зборот е збор, Владата предводена од СДСМ, продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат стабилизација на економијата, економски раст, намалени трошоци за живот и повеќе пари за стопанството и граѓаните“, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави